Ова се само дел од стравовите, прашањата и предизвиците со кои моите клиентки се соочуваат кога лансираат, а вистината е дека и јас некогаш ги имав истите.
И токму затоа Лансирај во склад со себе не е создаден за да ти дадам уште еден куп правила што треба да ги следиш, туку за да ти помогнам конечно да ја видиш целата слика на едно лансирање и да знаеш што правиш, кога го правиш и зошто.
Да креираш содржина која не само што привлекува внимание, туку ги подготвува вистинските луѓе да ја препознаат вредноста на твојата понуда.
Да продаваш со самодоверба, без постојано да се прашуваш дали си too much и дали треба уште малку да почекаш пред да ја понудиш својата работа.
Да знаеш што треба да правиш пред лансирањето, за време на лансирањето и во последните денови, наместо да се појавуваш само кога ќе го отвориш продажниот линк.
Да го водиш лансирањето на начин кој се вклопува во твојот реален живот без да мораш целосно да го ставиш животот на пауза за да продадеш.
Да останеш присутна, фокусирана и полна со енергија додека лансираш, наместо уште пред да заврши продажбата да бидеш целосно исцрпена.
Да завршиш со лансирањето доволно свежа и одморена за да можеш со истата енергија да го испорачаш она што си го продала.
веќе имаш програма, курс, вебинар или работилница, но досегашните лансирања не ги дале резултатите што ги очекуваш и сакаш следниот пат да влезеш со многу повеќе јасност и стратегија;
сакаш повторно да ја лансираш постоечката понуда, но овој пат да не се сведува на "објавив дека е отворено и чекам да видам што ќе се случи“;
имаш услуга, консултации, менторство или друга понуда која сакаш да ја продаваш преку структуриран лансирачки процес;
знаеш што продаваш, но ти недостига стратегија за тоа како да ја подготвиш публиката, да ја комуницираш понудата и да ги водиш луѓето од "ова ми треба“ до „сакам да работам со тебе“;
сакаш да престанеш секое лансирање да го измислуваш од почеток и конечно да имаш процес кој можеш да го повторуваш и надградуваш.
Лансирањето не почнува во моментот кога ќе го објавиш линкот за купување. Почнува многу, многу порано.
Затоа, ако имаш понуда која сакаш да ја лансираш во следниот период, ова е најдобрата подготовка за твоето следно лансирање.
Во овие 100 минути ќе дознаеш:
Накратко, ќе ја имаш целата слика на едно место: едноставна, логична стратегија за лансирање која можеш да ја применуваш повторно и повторно, без секој пат да се прашуваш "што сега?“.
Ако имаш понуда која сакаш да ја лансираш ,нова или веќе постоечка, ова е за тебе.
Практичен прирачник кој ќе ти помогне да ја испланираш најважната фаза од лансирањето — периодот пред воопшто да го отвориш продажниот линк.
Ќе добиеш конкретен пример од мое лансирање и ќе можеш да видиш како изгледа стратегијата кога ќе се примени во реален бизнис.
Едно лансирање кое ќе го испланираш подобро, може да ти ја врати оваа инвестиција многукратно.
Еве што велат клиентките кои веќе го имаат поминато:
Го изгледав вебинарот за лансирање. Дури мислам дека со ова се надмина. Сега ми треба второ или трето слушање за да можам да запишам се како план да
направам. Убаво што посочуваш на грешките тие се многу битен дел. Овој вебинар треба со тетратка да се слуша да им кажуваш пред време. Многу многу
информации, препорачувам!
⭐⭐⭐⭐⭐
Ангела Костовска
Кате здраво, прво да ти кажам вебинарот ти е предобар, милион долара вредни информации всушност се што кажуваш вреди злато. Стварно го мислам ова!
Ти благодарам за пренесеното знаење.
⭐⭐⭐⭐⭐
Сања Бошковска
Морам да ти кажам дека како лансирај не знам што друго имам слушано. 5-6 пати го слушам и секојпат е wow!
⭐⭐⭐⭐⭐
Марија Ѓорѓиевска
Конечно сфатив зошто имав НУЛА продажби на последната понуда.
⭐⭐⭐⭐⭐
Кате, многу добар вебинар, ти благодарам за се што споделуваш со нас безрезервно и што ни е од голема помош.
⭐⭐⭐⭐⭐
Супер одлично! Онака баш убаво разработени и да се снаоѓаш со се што може да ти искочи додека лансираш. На мозоков многу олеснително му дојде
кога вака некој ќе ти го претстави и многу ме охрабри да не се плашам туку да прашувам кај луѓето што е тоа што ги натерало да купат.
⭐⭐⭐⭐⭐
Катерина e бренд и бизнис ментор, основач на неколку брендови, едукатор, организатор на уникатни исуства, дигитален креатор, основач на невладина организација, мултипотенцијалист.
Во последните 7 години креира дигитална содржина, едукации и работи онлајн на различни платформи каде има заедница од 14k луѓе.
Има продавано многубројни дигитални производи, програми, вебинари, конференции па дури и физички производ.
Во последните две години е фокусирана на нејзините авторски програми за креирање содржина за жени (во онлајн бизнис) кои сакаат да креираат квалитетно онлајн присуство и личен бренд во склад со себе како и на индивидуално менторирање на жени во онлајн бизниси, фриленсери и solopreneurs.
Цело ова искуство, денес го дели со сите вас кои сакате да креирате квалитетно , моќно и 100% автентично онлајн присуство.